а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ветрее

ветреат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
1. За течност - испарува и ги губи своите карактеристични својства.
Англиски: evaporate Албански: avullon
Примери:
Виното во лошо затворените шишиња полека ветреело.
2. За облека, постелнина, просторија - изложува на свеж, на чист воздух.
Англиски: ventilate Албански: ajros
Примери:
Во деновите на викендот таа ја ветрее постелнината.
Тој ја ветрее собата секој ден за да излезе чадот од цигарите.
3. (се ветрее) се проветрува, се освежува
Англиски: freshen Албански: freskohet, ajroset
Примери:
Облеката се ветрееше надвор на ветрот.
4. (се ветрее) Умствено слабее, опаѓа.
Англиски: weaken Албански: tretet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Стариот од ден на ден сѐ повеќе се ветрееше.
Изведенки
1. ветреење ср.
глаг. им.
2. ветрење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи