а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

весник

мн. весници
Вид збор: Именка, машки род
1. Тој што носи некаква вест, порака.
Англиски: messenger Албански: lajmëtar
Примери:
Над небото кружеа темни облаци, весници на оние силни дождови што паѓаат во тоа време.
Низ калдрмата избивала трева, како прв весник на пролетта.
2. Дневно или периодично печатено издание кое информира за актуелните состојби.
Англиски: newspaper Албански: gazetë
Примери:
Двата големи весници ги поддржаа предлозите на опозицијата.
службен весник, илустриран весник
ѕиден весник
FlexiMac
 менување на македонски глаголи