а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

весел

весели
Вид збор: Придавка
1. Што е радосен, расположен, среќен.
Англиски: cheerful Албански: i gëzuar, i gëzueshëm, gazmor
Примери:
весел човек
весело друштво
весела расположба
2. Што изразува радост, ведрост, убаво расположение.
Англиски: merry Албански: gazmor
Примери:
весели очи
весел глас
3. Што е убав, ведар.
Англиски: bright Албански: i qeshur, gazmor
Употреба: Преносно значење
Примери:
весел ден
4. За растенија - свеж, неовенат.
Англиски: fresh Албански: i gjallë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Денеска цвеќињата се повесели.
5. Што предизвикува смеа.
Англиски: jolly Албански: gazmor
Примери:
весела случка
весел расказ
Изрази
Здрав да си ми и весел! - пожелување.
Изведенки
1. весело прил.
Пример: Сериозните разговори често завршуваа весело.
2. веселост ж.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи