а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

вене

венат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
1. За растение - губи свежина, боја, сјај, се суши.
Англиски: wilt Албански: thatë
Примери:
Наесен лисјето венеат и се сушат
2. За човек - слабее, губи сила и животна свежина.
Англиски: wither Албански: dobësohet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Чувствував како венее се во мене.
Таа беше болна, венееше, а никој не знае зошто.
3. Тагува, копнее, страда за нешто.
Англиски: yearn Албански: pikëllim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа вене таму во туѓ свет поради него.
Девојките венеат по него.
Изведенки
1. венење ср.
2. венее св. и несв.
венеат; венеј
3. венеење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи