а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

венец

мн. венци
Вид збор: Именка, машки род
1. Предмет со кружна или овална форма, исплетен од цвеќе, лисја и слично, како награда за победникот, во знак на почест, во радосни расположенија, во жалост итн.
Англиски: wreath Албански: kurorë
Примери:
Сплетоа венец од полско цвеќе.
златен венец
Тие носеле венци од зелени лисје и бршлен.
2. Различни плодови сплетени или нанижани во круг.
Англиски: wreath Албански: varg
Примери:
Венци кромид, лук и суви пиперки.
3. Што има форма на венец.
Англиски: circle Албански: rreth
Примери:
Орото среде двор, како венец моминки, зоврива и не стивнува.
Го доближува пагурчето, му го гледа венецот околу грлото и отпива од него.
Ги опре колената од венецот на прозорецот.
4. Срт на планина.
Англиски: ridge Албански: varg
Употреба: Географија
Примери:
Денот помина во патување низ три планински венци.
5. венчавка
Англиски: wedding Албански: kurorëzim
Употреба: Преносно значење
Примери:
И венец ти ставија на глава и прстен на десната рака.
Ако нејзините домашни толку многу сакале да ја стават под брачниот венец, тој немал ништо против.
6. Ткиво, непцето околу забите.
Англиски: gums Албански: kurorë
Употреба: Анатомија
Примери:
Ги гледал расипаните заби под модрите венци.
Изрази
Ловоров венец - венец што се дава за награда или во знак на признание, слава.
Трнов венец - мака, страдање.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи