а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ваш

ваши
Вид збор: Придавка
1. (зам. прид.) Заменска придавка со посвојно значење - што ви припаѓа вам.
Англиски: yours
Примери:
Вашата куќа е понова од нашата.
2. (зам. прид.) Што ви е познат, близок.
Англиски: your
Примери:
вашиот пријател
вашиот учител
3. (зам. прид.) Што ви е близок по роднинска линија.
Примери:
Како се вашите?
Вашите се вратиле дома.
4. (зам. прид.) Што е во некој однос поврзан со вас.
Примери:
ваша партија
ваша улица
ваша црква
ваше село
ваша држава
5. (зам. прид.) Од почит - Ваш (во обраќање кон едно лице) наместо твој.
Англиски: Your
Примери:
Во Ваше време - кога бевте (кога сте биле) Вие млад, активен, на власт, на одредена должност.
6. Кон титулата при обраќање кон високопочитувана личност.
Англиски: Your
Примери:
Ваше Величество
Ваше преосвештенство
FlexiMac
 менување на македонски глаголи