а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

вари

варат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Готви храна во вода со загревање до степен на вриење.
Англиски: cook Албански: ziej
Употреба: Гастрономија
Примери:
Вари компири.
Вари качамак.
2. Добива производ со обработка на суровини преку загревање, варење, вриење.
Англиски: distil Албански: ziej, distiloj
Примери:
Вари ракија.
3. Преработување на храната во желудникот и цревата за да може организмот да ја асимилира.
Англиски: digest Албански: tretë, bluaj
Употреба: Медицина
Примери:
Стомакот тешко му вари и ако јаде подоцна, не ќе може да спие.
4. (се вари) се готви, врие
Англиски: cook Албански: zihet, gatuhet
Употреба: Гастрономија
Примери:
Од јадењето што се вареше на огнот, се ширеше пријатна миризба.
5. (се вари) се подготвува
Англиски: prepare Албански: përgatit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Токму овдека се коваат и ткаат и се варат мајтапите.
6. Загрева железо, метални делови за да ги спои.
Англиски: weld Албански: saldoj, ngjit
Употреба: Технологија
FlexiMac
 менување на македонски глаголи