а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

вапса

вапсаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Обои со боја.
Англиски: colour Албански: ngjyros
Примери:
Ги вапса јајцата рано изутрина.
Ја вапса облеката.
2. измами, надмудри
Англиски: cheat Албански: mashtroj
Примери:
Еднаш ме вапсавте вие, уште еднаш ќе имате здравје.
3. (се вапса) се обои
Англиски: colour Албански: ngjyroset
4. (се вапса) Поцрвене во лицето, се засрами.
Англиски: redden Албански: skuqem, turpërohem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се вапсав: ми зовре крвта до тилот.
Изведенки
1. вапсува несв.
(се) вапсуваат
2. вапсување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи