а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

буди

будат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Прекинува состојба на спиење, прекинува некому сон.
Англиски: wake up Албански: zgjon
Примери:
Мајката секое утро нежно го будеше синчето.
Ме будат грмежи што доаѓаат откај планината.
2. Предизвикува некакво чувство, оживува сеќавање итн.
Англиски: evoke Албански: ndjell
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа песна буди кај нас чувство на тага.
3. (се буди) Престане да спие.
Англиски: wake up Албански: zgjohet
Примери:
Таа прва се будеше во зградата.
Изведенки
будење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи