а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

брчка

брчкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Прави брчки на лицето, ја набира кожата во вид на брчки.
Англиски: furrow Албански: rrudhet
Примери:
Годините сѐ повеќе му го брчкаа лицето на старецот.
2. Топи, потопува, шумно капе во вода.
Англиски: dunk Албански: fundos, përmbyt
Примери:
Попот го фати бебето за главчето и почна да го брчка во водата.
3. (се брчка) Си прави брчки.
Англиски: furrow Албански: rrudh
Примери:
Челото му се брчкаше, а погледот блудеше неодредено.
4. (се брчка) Шумно се потопува, се капе во вода.
Англиски: dunk Албански: zhytet, fundoset
Примери:
Гуските по цел ден се брчкаа во потокот.
Изведенки
брчкање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи