а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

брка

бркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. гони, тера
Англиски: chase Албански: njek
Примери:
Ловците и кучињата го бркаа волкот.
Аскерот ги брка голораките селани по полето.
2. меша, буричка, размешува
Англиски: stir Албански: përziej
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Стариот го бркаше качамакот со едно сукало.
3. бунт, збунува
Англиски: confuse Албански: hutoj
Примери:
Писателот ги брка тие два поима.
Не бркај го детето, остави го да зборува.
4. (се брка) Се гони со некого.
Англиски: chase Албански: ndjek
Примери:
Децата се бркаа по улицата.
5. (се брка) Буричка, посега в џеб или на слично место.
Англиски: poke Албански: ndjek
Примери:
Селанецот се брка во полускинатиот црвен појас да провери да не му го украл некој ќесето со пари.
6. (се брка) Се меша во некоја, обично туѓа работа.
Англиски: interfere Албански: ndërhyj
Примери:
Тој постојано се брка во моите работи.
7. (се брка) се буни, се збунува
Англиски: get confused Албански: hutoj
Примери:
Детево многу се брка кога одговара пред цел клас.
Изрази
Брка(ј)работа - врши, тера(ј) работа.
(посл.) Кај ти даваат - земи, кај те бркаат - бегај.
Изведенки
бркање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи