а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

бричи

бричат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Отстранува влакна од телото, најчесто од лицето, со брич.
Англиски: shave Албански: rruhem
Примери:
Јас не ги бричам ни мустаќите ни брадата.
2. дере, соголува, ограбува
Англиски: rob Албански: vjedh
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Тој на суво ги бричи селаните.
3. Дува силно.
Албански: fryn
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Лутиот ветер бричи по полето.
4. (се бричи) Отстранува влакна од телото или лицето со брич.
Англиски: shave Албански: rruhem
Примери:
Јас се бричам на три-четири дена.
5. (се бричи) Не носи брада.
Англиски: shave
Примери:
Не носи брада, се бричи.
Изрази
Остана бричен - нецеливан остана без очекуваната добивка.
Изведенки
бричење ср.
глаг. им.
Пример: Прибор за бричење.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи