а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

брза

брзаат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Настојува да изврши некакво дејство за што покусо време.
Англиски: hurry Албански: shpejtoj, nxitoj
Примери:
Таа брзаше да ги нахрани свињите.
2. Брзо се движи.
Англиски: hurry Албански: nxitoj
Примери:
Стариот Чауш брзаше по патот.
3. Настојува некој брзо да извршува некоја работа, брзо да се движи.
Англиски: hurry up Албански: nxitoj
Примери:
Командирот нѐ брзаше сите за да стигнеме уште неразденето на целта.
4. (се брза) Се обидува да изврши некакво дејство во што покус рок.
Англиски: hurry Албански: ngutem, nxitoj
Примери:
Тој се брзаше да заврши со работата.
5. (се брза) Настојува да биде брз.
Англиски: hurry Албански: ngutem, nxitoj
Употреба: Безлично
Примери:
Му (ми, ти...) се брза.
Му се брза да си дојде дома.
Изведенки
брзање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи