а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

брат

мн. браќа
Вид збор: Именка, машки род
1. Син во однос на друго или на другите деца од исти родители.
Англиски: brother Албански: vëlla
Примери:
Имав јас двајца браќа и една сестра.
Постариот брат беше висок и убав човек.
2. Другар, пријател, човек близок по нешто, обично во обраќање.
Англиски: friend
Примери:
Толе, брате, тебе Господ те испрати денес да му помогнеш на својот народ.
Селани, браќа мои, кој сака да го купи телото Господово за оваа година.
3. При фамилијарно обраќање кон непознат човек.
Употреба: Разговорно
Примери:
Добро, брате, така нека биде.
Ајде, брат, што чекаш, мрдни.
4. Калуѓер во однос на другите калуѓери.
Англиски: monk
Употреба: Религија
Изрази
Брат брата не рани, тешко кој го нема - во тешка ситуација важно е да се има некој близок до себе.
Како брат на брат - искрено.
Не си му ни брат ни сват - не му е воопшто близок.
Брат за брат, сирење за пари - независно од роднинските врски, сметките треба да бидат чисти.
Весели (мокри) браќа - пијаници, пијано друштво.
Топол брат - хомосексуалец.
Покрај толку мажишта и швалери да налетам на топол брат.
Изведенки
1. братец ср.
(едн.)
хип.
2. братенце ср.
(едн.)
хип.
3. братче ср.
мн. братчиња
дем. и хип.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи