а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

брани

бранат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Чува, штити некого од напад.
Англиски: defend Албански: mbroj
Примери:
Комитите го бранеа народот од турскиот аскер.
Квачката ги бранеше своите пилиња од јастребот.
2. Застапува некого на суд, е негов бранител.
Англиски: defend Албански: mbroj
Употреба: Правда
3. Не дозволува, спречува, забранува нешто (со кратка заменска форма: ми, ти, му...).
Англиски: hamper Албански: pengoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ми брани да влезам.
Брани ги кокошките да не влезат во градината.
Нека дојдат, јас не им бранам.
4. Штити, потврдува став, идеја, научен труд и сл.
Англиски: defend Албански: mbroj
Употреба: Образование
Примери:
Авторот на книгата ги бранеше своите ставови и идеи.
Тој, докторската дисертација ја бранел во Москва.
5. Е во одбраната, на голот како голман.
Англиски: defend Албански: mbroj
Употреба: Спорт
Примери:
На вчерашниот натпревар бранеше новиот голман.
6. (се брани) Се штити од напад, дава отпор.
Англиски: defend Албански: mbroj
Примери:
Кучето се бранеше од мувите.
Боксерот се бранеше од ударите на противникот.
Пуштен да се брани од слобода.
Изведенки
бранење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи