а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

бразди

браздат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Прави вдлабнатина во форма на бразда.
Англиски: groove Албански: gropoj
Примери:
Ралото ја браздеше црната земја.
Момчето во песокот браздеше некакви искривени браздички.
2. Се покажува бразда на лицето, брчка.
Англиски: furrow Албански: rrudha
Примери:
Лицето полека му го браздат сенки.
Болен грч му го браздеше челото.
3. сече, пара
Англиски: groove Албански: ndaj, pres
Примери:
Небото го браздеа молњи.
4. Плови по вода, по воздух.
Англиски: sail Албански: lundron
Употреба: Преносно значење
Примери:
По морињата браздеа убави кораби.
Изведенки
браздење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи