а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

бочва

мн. бочви
Вид збор: Именка, женски род
Голем дрвен сад со два газера стегнат со обрачи во кој се чуваат течности, најчесто вино; големо буре.
Англиски: barrel
Примери:
За зима остававме вино во бочвите.
Бочва од најдобар планински даб дише, пропушта воздух, иако не е за верување.
Изведенки
1. бочве ср.
мн. бочвиња
дем.
2. бочвиче ср.
мн. бочвичиња
дем.
3. бочвичка ж.
мн. бочвички
дем.
4. бочвиште ср.
мн. бочвишта
аугм.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи