а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

бори

(се) борат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Прави физички напор да победи, да надвие некого во борба еден со друг.
Англиски: wrestle Албански: luftoj, kacafytem
Употреба: Спорт
Примери:
Нашиот борач ќе се бори со првакот на вашата земја во борење.
2. Се труди, упорно работи да постигне некоја цел (да добие или да искорени нешто).
Англиски: struggle Албански: luftoj, përpjekem
Примери:
Тој се бореше за раководното место во фабриката.
3. Учествува во борба, во некаква дејност, движење.
Англиски: fight Албански: luftoj
Примери:
Се бори за правата на децата.
Тој се бореше во мојата бригада.
4. Се застапува за свои ставови во расправа, спор; прави напор да совлада нешто во себе (желба, чувство, мисла).
Англиски: struggle Албански: luftoj
Изрази
Се бори со голи раце - се бори без оружје, голорак.
Се бори на живот и смрт - се бори беспоштедно.
Се бори рамо до рамо со некого - се бори заедно со некого, здружено.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи