а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

божји

божји
Вид збор: Придавка
1. Што му припаѓа, што се однесува на Бога.
Англиски: divine
Примери:
Десет божји заповеди.
Службата божја во црквичето заврши брзо.
Исконска божја сила ја разбеснува водената маса.
2. Оддаден на бога.
Англиски: god
Примери:
Синови божја.
Божји слуга.
Тука лежи божјиот човек.
3. За потсилување на значењето на именката со која стои.
Англиски: real
Примери:
Страотии божји.
Луѓе божји.
Брате божји.
Јас ти велам, човеку божји, престани да свириш!
Изрази
Од божја уста во божји уши - да се исполни кажаното.
Мајка божја - Богородица.
Син божји - Исус Христос.
Божја бубалка - мирен човек.
Рај божји - за нешто премногу убаво.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи