а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

бог

мн. богови
Вид збор: Именка, машки род
1. Создател и господар на светот во монотеистичките религии.
Англиски: god Албански: Zot
Употреба: Религија
Примери:
Имај ум, имај срце, и Бог нема да те остави.
2. Во митологијата - бесмртно натприродно суштество, олицетворение на природните сили или на дел од природата и од животот.
Англиски: god Албански: Zot
Употреба: Митологија
Примери:
бог Перун
богот на Сонцето, Амон Ра
бог Марс
3. Тој, таа што има голема моќ, власт, влијание.
Англиски: god Албански: Zot
Употреба: Преносно значење
Примери:
Единствениот и врховен бог на оваа нова класа е личниот интерес.
Изрази
Ако даде Бог - при неизвесност, надеж дека нешто ќе се оствари.
Ако знае за Бога - надеж дека некој ќе постапи добро, праведно.
Бог да (го) прости - при сеќавање или спомнување на умрен, со желба да му се простат гревовите на умрениот.
Еден Бог знае - никој не знае.
Бог да чува и да брани! - желба да не се случи нешто.
Богу душа даде (дава) - умре (умира).
Жити Бога - при заколкнување.
Фала Богу/сполај Богу - при заблагодарување на Господ.
Фала Богу/сполај Богу - за потсилување, при започнување исказ.
Помози Бог! Дал (ти) Бог добро! Бог ти помогнал - поздрави.
Бог да бие; Бог те (ги, го) убил - клетви; Бог да ти даде.... Ќе даде Бог... - благослови.
Леле Боже, до Бога! - за изразување страв, болка, тешкотија и сл.
Дај ми, Боже... - за искажување голема, силна желба за нешто.
Ај, Боже поможи! - при наздравување, при почеток на нова работа, желба за добар почеток и тек на работата.
Здравје Боже - надеж дека нешто ќе се оствари.
Изведенки
1. боже ср.
За изразување страв, болка, тешкотија и сл.
Пример: дедо боже
2. боже мод.
3. боженце ср.
хип.
Пример: Мили боженце!
FlexiMac
 менување на македонски глаголи