а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

блуден

блудни
Вид збор: Придавка
1. Што се оддава на блуд.
Англиски: licentious
Примери:
Селанитите ја истераа блудната девојка.
2. Што има својство на блуд, што поттикнува на блуд.
Англиски: licentious
Примери:
На сон му се јавија блудни мисли.
Блудни слики имаше на сите страни во станот.
3. Што го згрешил правилниот пат, што заблудел.
Англиски: stray
Употреба: Архаизам
Изрази
Блуден син.
Изведенки
1. блудно прил.
Пример: Тој ја гледаше блудно и копнежливо.
2. блудност ж.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи