а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

блостур

мн. блостури
Вид збор: Именка, машки род
1. Билка со сиви, мовливи листови, со цврсто стебло и со гроздеста, жолта розета од цветови што шират непријатен мирис.
Латински: Verbascum Англиски: mullein Албански: lëpushkë
Употреба: Ботаника
Примери:
Тој и смрдлив блостур пушел со него од страв да не го навреди.
Во устата му се гледа пена со боја на сок од толчен блостур.
Лежеше човекот во дивата детелина измешана со блостури и штавеј.
2. (само едн.) Назив за растенија со големи, издолжени листови над површината на земјата што најчесто растат на необработливо земјиште и обично не се употребуваат во исхраната на луѓето; , Rumex, Rubia, Vегbаѕkum.
Латински: Rumex Англиски: sorrel Албански: lëpjetë
Употреба: Ботаника
Примери:
Луѓето изумреле, овошките подивеле и пропаднале, блостур израснал насекаде.
Го расчистив со мотика блостурот, земјата ја посипав со тутун за да не се приближат змиите од ѕидот.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи