а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

блок

мн. блокови
Вид збор: Именка, машки род
1. Големо, масивно парче од нешто (камен, метал, мраз).
Англиски: block Албански: bllok
Примери:
Дождовите ја изделкале лавата, ја измоделирале во блокови.
Лена ги заобиколуваше огромните камени блокови, напукнати и изглодани од времето.
Надолу се гледаа блокови од гранит.
2. Целина, низа од згради или друг вид градежни објекти.
Англиски: building Албански: bllok ndërtesash
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Тој живее во блокот кај Градски ѕид.
Поминаа покрај блок дуќани.
3. Подврзани листови (чисти или со отпечатен текст) што можат лесно да се одвојат.
Англиски: block Албански: bllok, tallon
Примери:
Благајничката набави блок налози за плата.
Кондуктерот извади од торбата блок возни билети.
4. Картонски корици со листови за цртање.
Англиски: block Албански: bllok vizatimor
Примери:
Самоукиот уметник гордо го носеше под мишка и својот блок.
Тој е во ликовите низ истутканите и превиткувани листови од блок за цртање.
5. Сојуз на држави, партии, воени организации.
Англиски: union Албански: bllok, union
Употреба: Дипломатија
Примери:
Македонските дечиња беа распратени по земјите на Источниот блок.
Македонија стана крваво боиште на завојуваните држави на двата блока.
6. Жив ѕид на играчи што ја спречува акцијата на противникот.
Англиски: block Албански: bllok, pengesë
Употреба: Спорт
7. Централен дел од мотор со внатрешно согорување.
Англиски: engine Албански: bllok
Употреба: Технологија
8. Целина од поврзани активности.
Англиски: whole Албански: bllok, njësi
Примери:
блок часови
блок емисии
Изведенки
блоковски прид.
блоковскиот
FlexiMac
 менување на македонски глаголи