а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

блокада

мн. блокади
Вид збор: Именка, женски род
1. Целосно опколување на некое место, област со вооружена сила.
Англиски: blockade Албански: bllokadë
Употреба: Воен термин
Примери:
Денес имаше претреси, утре сигурно ќе има блокада.
Никој не успеа да се извлече од блокадата.
Цврста поморска блокада и постојано бомбардирање ќе ги натера противниците да се предадат.
2. Затворање на премин или пат за сообраќај.
Англиски: stop Албански: bllokim
Примери:
Тешките товарни возила направија блокада на автопатот.
3. Изолација, затворање на една земја во економските, трговските и др. односи заради вршење политички притисок.
Англиски: isolation Албански: izolim, bllokim
Употреба: Дипломатија , Економија
Примери:
Економска блокада.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи