а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

близу

Вид збор: Прилог
1. На мало растојание, во близина.
Англиски: close
Примери:
Изворот е близу.
Војниците беа близу.
2. За кратко време, наскоро.
Англиски: soon
Примери:
Митровден е близу.
Победата не е така близу.
Блиску е зимата.
3. скоро, околу, тукуречи
Англиски: about
Примери:
Стара мома близу четириесет години.
Беше близу седум кога трамвајот застана на постројката на Калемегдан.
Оттогаш минаа близу шест месеци.
Изрази
Близу/блиску до умот - разбирливо, јасно.
Близу до вистината - објективно.
Близу (ми, ти, му...) е крајот - ќе заврши неславно; ќе умре.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи