а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

близнак

мн. близнаци
Вид збор: Именка, машки род
1. Машко дете од (обично) две деца родени при едно породување.
Англиски: twin Албански: binjakë
Употреба: Медицина
Примери:
Близнак за близнак умира.
Роди близнаци по вторпат.
Две деца близнаци, брат и сестра.
количка за близнаци
2. Човек или животно со голема сличност.
Англиски: twin Албански: binjakë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Како близнаци да беа.
Главите на моите сиви близнаци низ јаремот.
3. (само мн.) Зодијачко соѕвездие; зодијачки знак од 21 мај до 21 јуни.
Англиски: Gemini Албански: binjakët
Употреба: Астрономија
Изрази
Сијамски близнаци - близнаци сраснати со одреден дел од телото.
Изведенки
1. близначе ср.
мн. близначиња
дем. и хип.
2. близначки прид.
близначкиот
Пример: близначко кивање
FlexiMac
 менување на македонски глаголи