а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

блеска

блескаат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Силно сјае, силно свети, одразува силна светлина, силен сјај.
Англиски: shine Албански: shkëlqen
Примери:
Августовското сонце блескаше.
Во полутемнината блеска месечината.
Блеска златниот медал.
Езерото блеска со стаклест отсјај.
2. Прави впечаток, се истакнува со добри својства.
Англиски: impress Албански: shëndrit
Примери:
Излогот блескаше.
Полираните масички блескаа.
Блескаше нејзината насмевка.
Блескаше ум во неговиот говор.
На зелените површини блеска убавината на замокот.
Сините очи блескаа од радост.
Забите блескаат.
Изведенки
блескање ср.
мн. блескања
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи