а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

бледнее

бледнеат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
1. Станува блед, губи природна боја, руменило.
Англиски: turn pale Албански: zbehem
Примери:
Бледнеев од бес.
Детето бледнееше од страв.
2. Губи сјај.
Англиски: fade Албански: zbehet
Примери:
Ѕвездите бледнеат во височината.
На исток по малку бледнее небото.
3. Се губи, станува неизразит.
Англиски: fade Албански: zbehet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тие податоци бледнеат.
Неговата слава бледнееше.
Изведенки
бледнеење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи