а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

блаженство

Вид збор: Именка, среден род
1. Состојба на голема радост, среќа.
Англиски: bliss Албански: lumturi
Примери:
Блаженството е ретка привилегија.
Блаженство ми се разлева низ душата.
2. Место каде што владее само радост и среќа, рај, царство небесно.
Англиски: bliss Албански: lumturi
Примери:
Рајско блаженство.
Вечно блаженство.
3. Составен дел од титулата на црковен поглавар.
Англиски: holiness Албански: shenjtëri
Употреба: Религија , Црковен термин
Примери:
Неговото блаженство архиепископот македонски и охридски.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи