а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

благо

мн. блага
Вид збор: Именка, среден род
1. (едн.) Слатко, густо сварено овошје со многу шеќер.
Англиски: sweet Албански: ëmbël
Употреба: Гастрономија , Разговорно
Примери:
За добредојде едно благо.
2. Општ назив за секое јадење приготвено со шеќер.
Англиски: dessert Албански: ëmbëlsirë
Употреба: Гастрономија , Разговорно
Примери:
По ручекот, секогаш благо.
Се почестија со благо.
Мувите идат по благото.
3. пари, злато, разни скапоцености
Англиски: treasure Албански: me vlerë
Примери:
три товари благо
скриено благо
закопани блага
неброени блага
4. духовно богатство, вредност
Англиски: wealth Албански: vlerë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Каде е вашето срце, таму ќе биде и вашето благо.
благата на животот
лексичко благо на македонскиот јазик
културно благо
5. Материјално богатство, богатството што го дава земјата, морето и сл.
Англиски: riches Албански: pasuri
Употреба: Преносно значење
Примери:
земно благо
морско благо
FlexiMac
 менување на македонски глаголи