а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

благослов

мн. благослови
Вид збор: Именка, машки род
1. Зборови што изразуваат добри желби со повикување на божја милост, придружена со крстење, прекрстување.
Англиски: blessing Албански: besim
Употреба: Религија
Примери:
Божји благослов.
Старецот се прекрсти за благослов.
Невестата влезе во куќата со благослов од попот.
2. Изразување желба до некого за нешто добро, за среќа, здравје, успех и сл.
Англиски: blessing Албански: besim
Примери:
На чатијата од изградената куќа мајсторите им даваа благослови на домаќините за добро здравје и долг живот.
3. Изразување согласност, одобрување од родител или близок човек за нешто крупно, важно во животот (за брак и др.).
Англиски: blessing Албански: besim
Примери:
Благослов од татко и мајка.
Кумов благослов.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи