а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

бисер

мн. бисери
Вид збор: Именка, машки род
1. Бело, блескаво, скапоцено зрно создадено во внатрешноста на одреден вид школки.
Англиски: pearl Албански: margaritar
Примери:
Ниже бисер.
Светнаа два бисера.
охридски бисер
ситен бисер
бел бисер
2. Bид накит.
Англиски: pearl Албански: margaritar
Примери:
На белата гуша чист бисер.
На вратот скапоцен бисер.
Раскошна капа шиена со бисери и скапоцени камења.
Фустан, сиот извезен од бисер.
3. Нешто многу убаво.
Англиски: precious Албански: diçka shumë e bukur
Употреба: Преносно значење
Примери:
Народната селекција ги пропушта само вистинските поетски бисери.
Староградските напеви се бисери на македонската фолклорна лирика.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи