а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

било

мн. била
Вид збор: Именка, среден род
1. планински гребен
Англиски: crest Албански: kreshtë
Употреба: Географија
Примери:
Се качува по билото над селото.
Летото го поминав по скрките и билата.
2. Највисоко поставена греда од покривот на куќата.
Англиски: rooftree Албански: dyrek kulmi, tra
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Кај некои стари селски градби сѐ уште стои украсот врз билото.
Кога влезе во куќата, старецот седна на билото.
Од долното било надолу е долниот крај на куќата.
3. Дрво што е поставено попречно, прицврстено за рамката од разбојот и служи за поголема стабилност.
Примери:
Секој разбој има две била.
4. пулс, дамар
Англиски: pulse Албански: puls
Употреба: Медицина
FlexiMac
 менување на македонски глаголи