а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

бие

бијат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. тепа, удира
Англиски: beat Албански: rrah
Примери:
Таткото го биеше синот.
Стопанот го биеше магарето со ластегарка.
2. пука
Англиски: shoot Албански: gjuaj
Примери:
Непријателските топови биеја врз нашите позиции.
3. Удира, шутира топка.
Англиски: shoot Албански: godas
Употреба: Спорт
Примери:
Играчот биеше во голот на противникот.
4. чука, отчукува, пулсира
Англиски: throb Албански: rrapëllij
Примери:
Срцето биеше забрзано.
Крвта бие во неговите жили.
5. ѕвони
Англиски: ring Албански: tingëllon
Примери:
За кого бијат камбаните?
6. Удира (за ветер, сонце).
Англиски: beat Албански: rrah
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ветрот биеше во децата.
Сонцето цел ден бие во мојата соба.
7. (се бие) се тепаат, се удираат
Англиски: beat Албански: rrah
Примери:
Децата често се бијат.
Изрази
Се бие шега - се шегува.
Бие бој, битка - војува; се бори за нешто.
Биено сирење - вид тврдо сирење.
Изведенки
биење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи