а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

бидува

бидуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Во функција на спојка во именскиот прирок.
Англиски: get Албански: bëhet
Примери:
Димитар бидува затворен и спроведен прво во Битола, а потоа во цариградската зандана.
Тој бидува натоварен со таа задача.
2. (обично во 3. л.) се случува, станува
Англиски: happen Албански: bëhet
Примери:
Со плачење не бидува ништо.
Тоа така бидувало секогаш.
Радиото кажа дека вечерва ништо не бидува.
Така бидува само во соништата.
А поарно ли му бидува на човека од тоа?
Се бидува на овој век.
3. може, можно е
Англиски: is possible Албански: bën, bëhet
Употреба: Безлично
Примери:
Hикако не бидува да заборавиме дека литературниот јазик развива ред свои специфики.
Не, така не бидува!
Што не бидува, не бидува.
Ќе биде - не бидува.
Кој знае што бидува?
4. станува
Англиски: become Албански: bëhet
Примери:
Кум бидувам, друго не.
Шпион не бидувам.
Полека внучко, тие работи не бидуваат така, веднаш.
5. Има способност, способен е.
Англиски: is capable Албански: bën, i aftë
Употреба: Безлично
Примери:
За ништо не го бидува ни за в село, ни за в град.
Повеќе го бидува да дрдори.
За сѐ те бидува.
Ве бидува за пеење.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи