а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

беснее

беснеат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
1. Лудува, води распуштен, распашан живот.
Англиски: rage Албански: çmendem
Примери:
Детето беснееше од разгаленост.
Младите беснееја до раните утрински часови.
Луѓето се опиваат, беснеат, место достојно да го празнуваат сведенот.
2. Врши терор, погроми и сл.
Англиски: terrorize Албански: terrorizoj
Примери:
Аскерот беснеел по селата.
Четниците беснееле со нож в рака.
3. Се пројавува со сета своја силина.
Албански: paraqitet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Виулицата беснее во планината.
Беснеат бури.
Војната беснееше по улиците на градот.
Во минатото беснееле разни епидемии.
Изведенки
беснеење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи