а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

бесен

бесни
Вид збор: Придавка
1. Што е болен од беснило.
Англиски: rabid Албански: i tërbuar
Употреба: Медицина
Примери:
Кога кучето ќе го прогласат за бесно, секој ќе најде камен да фрли по него.
бесна лисица
бесен волчјак
бесни пци
2. гневен, разјарен
Англиски: enraged, mad Албански: i tërbuar
Примери:
Почувствува бесен порив на лутина.
Тогаш бев бесен поради уривањето на куќата.
Се вратија дома бесни и посрамени.
3. развратен, распуштен, немирен
Англиски: unrestrained Албански: i tërbuar
Употреба: Разговорно
Примери:
бесни деца
Како и сите бесни жени и таа правеше што сакаше.
Бесен човек е тоа и својата жена ќе ја испрати в гроб.
4. Што пројавува голема сила, многу силен.
Англиски: furious Албански: i fuqishëm
Употреба: Преносно значење
Примери:
бесен виор
бесен оган
бесен студ
FlexiMac
 менување на македонски глаголи