а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

бел

бели
Вид збор: Придавка
1. Што има боја на снег, на млеко и сл.
Англиски: white Албански: i e bardhë
Примери:
бел гулаб
бел коњ
бел цвет
бели лебеди
бел мермер
бело платно
2. Што е со светла боја наспроти тоа што е темно.
Англиски: white Албански: i e bardhë
Примери:
бел леб
бело грозје
бело вино
бело лице
3. Што е побелен.
Англиски: grey Албански: i e zbardhur
Примери:
бела брада
бели мустаќи
Изрази
Бели пари за црни дни - пари заштедени, сочувани за тешки времиња.
Со бел образ - чесен, морален.
Ќе излезе на бело видело/ бела виделина - ќе се разоткрие.
Среде бел ден -дење, на дневна светлина.
Не виде бел ден - се изнамачи, мачно го помина животот.
Бела смрт - смрт од студ; смрт од дрога, од хероин.
Бели стихови - стихови без рима.
Бели ноќи - поларни ноќи.
Бела недела - неделата пред поклади.
Црно на бело - написмено, документ.
За белото вели црно - голем инаетчија е.
Изведенки
беличок прид.
беличкиот
дем. и хип.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи