а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

бели

белат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Прави нешто да стане бело.
Англиски: whiten Албански: zbardh
Примери:
Билјана платно белеше на Охридските извори.
Фабриката ги бели платната со разни хемиски средства.
2. Мачка, премачкува со нешто бело.
Англиски: whiten Албански: zbardhoj
Примери:
Таа си го бели лицето.
Големата соба ја белиме пред секој Велигден.
3. Лупи, симнува кора.
Англиски: peel Албански: rrjep, qëroj
Примери:
Прачките за плетење кошници дедо ми ги белеше со мало ноже.
4. (се бели) Си го мачка лицето со белило.
Албански: zbardhem
Примери:
Се белеше со многу белило.
5. (се бели) Станува бел.
Албански: zbardhem
Примери:
Платното се бели со белило.
Изведенки
белење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи