а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

белина

мн. белини
Вид збор: Именка, женски род
1. Обележје на тоа што е бело.
Англиски: whiteness Албански: bardhësi
Примери:
Снежна белина.
Женска белина.
Белина на небото.
Веќе ја немаше белината на ѕидовите.
На исток се појавуваше белина.
2. Простор без печатен текст на страница од книга, весник.
Англиски: whitespace, blank Албански: bardhinë, shpraztirë
Примери:
На белините отстрана имаше посебни забелешки.
Ако се јавува белина, ќе го проредиш текстот.
Остави белина за насловот.
Изведенки
белинка ж.
мн. белинки
Пример: белинката меѓу зборовите
FlexiMac
 менување на македонски глаголи