а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

белило

мн. белила
Вид збор: Именка, среден род
1. Козметичко средство за белење лице.
Англиски: make-up Албански: të bardhë
Употреба: Архаизам
Примери:
Таа ставаше многу белило на лицето.
Тој купи турско белило.
2. Хемиско средство за белење при перење и при варосување.
Англиски: whitener Албански: zbardhues
Употреба: Хемија
Примери:
Фабриката произведува белило за машинско перење.
Со белило ги премачкавме ѕидовите.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи