а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

бележи

бележат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
1. Става белег, ознака.
Англиски: mark Албански: shënoj
Примери:
Јагнињата ги бележат на Благовец.
Говедата ги бележеа со усвитено железо.
Тој го бележеше просторот до шумата.
2. запишува
Англиски: take note Албански: shkruan
Примери:
Студентот ги бележеше предавањата во тетратка.
Новинарот ги бележеше заклучоците од седницата.
Настаните на денот ги бележи во својот дневник.
Ги бележи туѓите долгови на рабуш.
3. (само во 3л.) постига, покажува
Англиски: reach Албански: arrin
Употреба: Преносно значење
Примери:
Зголемувањето на цените на нафтените деривати бележи висок процент.
Доларот бележи пад во однос на еврото.
Женската ракометна репрезентација бележи само успеси и победи.
Изведенки
бележење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи