а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

безумен

безумниот
Вид збор: Придавка
1. Што е без ум.
Англиски: crazy
Примери:
Безумна игра на животот и смртта.
Безумно дело.
Безумен човек.
Безумни работи.
2. безрасуден, бесмислен
Англиски: senseless
Примери:
Безумна војна.
Безумни жртви.
3. За чувства што се изразени во најголема мера.
Англиски: senseless
Примери:
Безумен и хистеричен кикот.
Безумен гнев.
Безумна, страсна љубов.
Изведенки
1. безумно прил.
Пример: Безумно го сакаше својот единец.
2. безумност ж.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи