а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

беден

бедниот
Вид збор: Придавка
1. Тој што нема доволно средства за живот.
Англиски: destitute
Примери:
Уште како дете татко ти мораше да печали за да ја издржува својата бедна мајка.
Имаше во него место и за бедната питачка.
Беше родена во бедно семејство.
2. Човек што го снашло зло, неволја. напаст, голема мака, несреќа.
Англиски: wretched
Примери:
Па зарем ние можеме и смееме да умираме вака јадни, бедни, поразени?
3. Оној што има недостаток од нешто, оскуден.
Англиски: miserable
Употреба: Преносно значење
Примери:
Без памет и беден дух, чекам на секој чекор да се отвори друго подземје.
Ќе молиме за работа некакви суртуци и бедни мрсулковци.
Изведенки
1. бедно прил.
Пример: Тие живееја бедно, но чесно. Изгледа бедно и грдо. Се чувствував многу бедно.
2. бедност ж.
3. беднотија ж.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи