а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

бега

бегаат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Се оддалечува со трчање.
Англиски: run away Албански: ikë
Примери:
Си удрил да бегаш надолу кон селото.
Летна да бега дома.
2. Се истава, се губи, одбегнува.
Англиски: avoid Албански: ikë, shmang
Примери:
Не бега ни од друштво ни од разговор.
Од злото бега.
Се затвори во себеси, почна да бега од луѓето.
3. Напушта, заминува, си оди, се иселува, изостанува.
Англиски: leave Албански: ikë, largohet
Примери:
Не бегам од оваа служба.
Помислуваше да се спакува и да си бега дома.
Бега од училиште.
Бега од работа.
4. Без знаење на родителите се мажи, оди по момче без дозвола од родителите.
Англиски: escape Албански: ikë
Примери:
По Илија да бегаш, а?
Вечер ќе бегам бегалка.
5. Брзо поминува, исчезнува.
Англиски: disappear Албански: ikë, humbë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Водата бегаше, се губеше.
Сини појасна дим од оџаците бегаа в небо.
Изрази
Бега како ѓавол од темјан – стравува, се страни од нешто или од некого, не сака да сретне некого или да изврши нешто.
Изведенки
бегање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи