а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

бас

мн. басови
Вид збор: Именка, машки род
1. Најдлабокиот машки глас.
Англиски: bass Албански: bas
Употреба: Музика и танц
Примери:
Чорбаџијата викна со дебелиот бас.
2. Пејач со таков глас.
Англиски: bass Албански: bas
Употреба: Музика и танц
Примери:
Тој се усоврши кај познатиот светски бас Николај Ѓауров.
3. Инструмент што дава длабоки тонови.
Англиски: bass Албански: bas
Употреба: Музика и танц
Примери:
Басот како инструмент многу често се користи во џез-музиката.
4. облог
Англиски: bet Албански: bast, kaull
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
На бас се фаќам во што сакаш.
Изрази
Бас-гитара - жичен музички инструмент, гитара со подлабоки тонови.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи