а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ајдук

Види и: ајдут (м.)
мн. ајдуци
Вид збор: Именка, машки род
1. Отпадник што се борел против турската власт.
Англиски: rebel Турски: haydut Албански: komit
Употреба: Историја
Примери:
По овој настан тој стана ајдук и и се приклучи на дружината.
2. Крадец, разбојник, отпадник од власта и од законот.
Англиски: thief Албански: hajdut
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во нашето стопанство има многу ајдуци.
Тие се големи ајдуци.
Изведенки
1. ајдучиште ср.
мн. ајдучишта
аугм.
2. ајдучка ж.
мн. ајдучки
(ретко) жена ајдук
3. ајдучки прид.
ајдучкиот
Пример: ајдучка чешма, ајдучка колиба
Израз: Ајдучка трева - ајдучица.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи