а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

атрофија

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
1. Смалување, слабеење, сушење на некој орган или ткиво поради негова недоисхранетост или долга неактивност.
Англиски: atrophy Албански: atrofi
Употреба: Биологија , Медицина
Примери:
Констатирана е атрофија на едниот бубрег.
Атрофијата на стеблото на растенијата е знак за заболување.
2. Губење, затапеност на некое чувство, својство и сл.
Англиски: atrophy Албански: atrofi
Употреба: Преносно значење
Примери:
Станува збор за една тешка духовна атрофија.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи