а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

асимилација

(едн.) асимилацијата
Вид збор: Именка, женски род
1. Претопување, присоединување при што се губи обележјето и се обезличуваат основните карактеристики.
Англиски: assimilation Албански: asimilim
Примери:
Македонското културно наследство беше објект на најсуровата асимилација.
2. Процес при кој се врши преглас на гласовите.
Англиски: assimilation Албански: asimilim
Употреба: Лингвистика
Примери:
Фонетската појава асимилација овозможила слевање на двете форми во една.
3. приспособување
Англиски: adaptation Албански: përshtatje
Примери:
Овде е извршена асимилација на традиционалното со најмодерните трендови во поезијата.
4. Процес на претворање на сварената храна во материи што градат телесни ткива.
Англиски: assimilation Албански: asimilim
Употреба: Биологија
Примери:
Реакцијата што ја предизвикува овој раствор влијае врз асимилацијата на хранливите елементи.
Изведенки
асимилациски прид.
асимилацискиот
Пример: Појавата на билингвизмот во Македонија е резултат на асимилациски процеси.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи