а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

апликација

мн. апликации
Вид збор: Именка, женски род
1. примена, употреба
Англиски: application Албански: aplikacion
Примери:
Авионот и хеликоптерот се користат за апликација на хербицидите.
2. Ставање или втиснување украс на ткаенина.
Англиски: application Албански: aplikacion
Примери:
Ткаенината имаше апликации во вид на цветови со различни бои.
3. формулар за вработување
Англиски: application Албански: aplikim, kërkesë
Употреба: Економија
Примери:
Ја пополни апликацијата за новото работно место и чекаше одговор.
4. софтверска програма
Англиски: application Албански: aplikacion
Употреба: Информатика
Примери:
Апликации за обработка на текст и слика.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи